ПРОЦЕС ИН ДООЕЛ, организација свесна за  големата потрошувачка на енергија, работи на воспоставување на стандарди за економично работење, со цел обезбедување на одржливост на околината, економска ефективност и ефикасно управување со операциите и опремата.

Нашата добра пракса за заштита на животната средина е нагласена во максимата – Мисли глобално, делувај локално и е имплементирана во бизнис активностите на ПРОЦЕС ИН, секојдневните операции како и одржувањето и развојот на академската истражувачка мрежа во целост.

Нагласена е улогата на секоја индивидуа, како во нашата институција така и во интернет заедницата, во насока на обврската да се контролираат гасовите на стаклена градина, загадувањето како и други извори на емисија на штетни гасови. Сето ова е посебно важно во однос на локациите каде е сконцентрирана опрема и податочните центри.

Во согласност со гореспоменатото, нашата Политика за заштита на животната средина се базира на:

  • Примена на мерки за заштита, стандарди и мерења.
  • Почит кон околината, човештвото и општеството, нивната поврзаност и коегзистенцијата.
  • Надзор на енергетските и материјалните потреби како и целокупната енергетска потрошувачка.
  • Зачувување на расположливите ресури и набавување на опрема со висок степен на енергетска ефикасност.
  • Поддршка на персоналот во иницијативи, идеи и акционен план за заштеда на енергија од страна на најголемите потрошувачи.
  • Промоција на најдобар начин за користење на опрема во режим за зачувување на енергија преку различни пракси за „раззеленување“.
  • Споделување на идеи, искуства и иницијативи во рамки на ПРОЦЕС ИН како и со други заинтересирани страни, со цел градење на стабилна и детална политика за зачувување на животната средина.
  • Учество на настани, истражувачки активности и проекти за откривање на новитети во однос на Green ICT.