ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕНА ХОСТИНГ И РЕГИСТРАЦИЈА НА ДОМЕНИ

Прифаќање на условите за сервис

Со пристапување или користење на Веб страните или Сервисите вие всушност се обврзувате дека ги прифаќате овие Услови. Доколку не ги прифаќате овие Услови, не смеете да пристапувате и да ги користите Веб страните или Сервисите. ДОКОЛКУ НЕ СТЕ ЗАДОВОЛНИ СО ОВИЕ УСЛОВИ ИЛИ ПРАВИЛА, НАШИ ПОЛИТИКИ, НАСОКИ ИЛИ ПРАКТИКУВАЊА КОИ СЕ ПРИМЕНУВААТ НА ВЕБ СТРАНИТЕ ИЛИ СЕРВИСИТЕ, ВАШЕТО ЕДИНСТВЕНО И ЕКСКЛУЗИВНО ПРАВО Е ДА ПРЕКИНЕТЕ СО КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ СТРАНИТЕ И СЕРВИСИТЕ.

ПРОЦЕС ИН може во секое време да ги ревидира овие Услови со ажурирање на овој документ. Kористење на Веб страните и Сервисите по вакви ревизии ќе значи дека се согласувате со ревидираните Услови. Одвреме навреме треба да ја посетувате ова страница за да направите преглед на овие Усови како и на други направени ревизии.

Возраст

Вашиот пристап или користење на Веб страните или Сервисите покажува дека вие гарантирате дека сте на возраст од мнозинството или постари и дека припаѓате во она правна рамка која според годините овозможува користење на овие Сајтови и Услуги во своето место на живеење. НЕ СМЕЕТЕ ДА ПРИСТАПУВАТЕ КОН САЈТОВИ ИЛИ ДА ГИ КОРИСТИТЕ СЕРВИСИТЕ ДОКОЛКУ ЈА НЕМАТА ВИТИНСКАТА ВОЗРАСТ.

Претплатени сервиси

Одредени делови или карактеристики на Веб страните или Сервисите можат да бидат достапни само на база на претплата односно доколку за нив претходно се плати („Платен Сервис“). ПРОЦЕС ИН го задржува своето дискреционо правото да преиначи било кој слободен дел или карактеристика на Веб страните или Сервисите што може, од време на време, да ги направи достапни во Платени Сервиси, и обратно.

Модификации на Платени Сервиси од страна на ПРОЦЕС ИН

ПРОЦЕС ИН го задржува своето ексклузивно право да ги модифицира Платените Сервиси и Претплатничките Такси од време на време. ПРОЦЕС ИН ќе достави најава за промените во однос на материјалната страна до Претплатничкиот или Платениот Сервис со праќање електронска порака на e-адреса, регистрирана под Вашата Корисничка Сметка.

Ваше откажување, ажурирање или деградирање на Платениот Сервис

Кај (со) некои Платени Сервиси, од време на време, до одреден степен и под услови дозволени од страна на ПРОЦЕС ИН имате право да го ажурирате или деградирате Платениот Сервис. Со надградба или деградирање на Платениот Сервис, вие го овластувате ПРОЦЕС ИН да ги наплаќаат сите придружни промени во рамките на Претплатничката Такса во согласност со платежните услови за Претплатнички Такси и Применливи Даноци. Откажување, надградување или деградирање на Платениот Сервис може да се бара преку „Претплатничкиот Таб“. Сепак, потполно ви е јасно дака таквото откажување, надградување или деградирање можеби нема да биде спроведено во наредните 5 работни дена по приемот на такво барање од страна на ПРОЦЕС ИН. (ПРИ ОТКАЖУВАЊЕ, НАДГРАДУВАЊЕ ИЛИ ДЕГРАДИРАЊЕ НА ПЛАТЕНИОТ СЕРВИС ОД ВАША СТРАНА, ИЛИ ПРИ ПРЕКИНУВАЊЕ НА ПЛАТЕНИОТ СЕРВИС ОД СТРАНА НА ИНХОСТ, НЕМА ДА ВИ СЕ ВРАТАТ СРЕДСТВАТА НИТУ ПАК ДА ВИ СЕ ДАДЕ КРЕДИТ (потврда или бодови ) ЗА ПРЕТПЛАТНИЧКИТЕ ТАКСИ ИЛИ ПРИМЕНЛИВИ ТАКСИ ЗА БИЛО КОЈ ОСТАНАТ ДЕЛ ОД ТЕКОВНИОТ ПЕРИОД НА ПЛАЌАЊЕ ИЛИ ПРОМЕНА ВО ПРЕДПЛАТНИЧКИТЕ ТАКСИ ИЛИ ПРИМЕНЛИВИ ТАКСИ КОЈА НАСТАНУВА КАКО РЕЗУЛТАТ НА НАДГРАДУВАЊЕ ИЛИ ДЕГРАДИРАЊЕ НА ПЛАТЕНИОТ СЕРВИС).

Се сложувате и го овластувате ПРОЦЕС ИН, при ваше откажување на Платениот Сервис, веднаш да изврши деактивирање или бришење на вашата Корисничка Сметка и на сите Кориснички Содржини повржани со Платениот Сервис и Задоцнети плаќања, доколку ПРОЦЕС ИН не ја добие навреме претплатата од Претплатничката Такса или Применливи Такси за Платени Сервиси, тогаш го задржува своето ексклузивно право да ја прекине или суспендира вашата претплата на Платениот Сервис.

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

УСЛОВИ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА И КОРИСТЕЊЕ НА .МК ДОМЕНИ

Согласно правилникот за регистрација на македонските домени и поддомени, регистрантот поднесува барање за продолжување на регистрација на доменот до Регистрарот и тоа најмалку 30 дена пред истекот на времето за регистрација.

Доколку доменот не биде обновен до датумот на регистрација, влегува во заштитен период од 120 дена и во тој период не може да се прави промена на податоците на доменот. Ако доменот не се обнови во првите 60 дена од заштитениот период, доменот се брише од .mk зоната, но не може да се регистрира од страна на друг регистрант. По истекот на останатите 60 дена од заштитениот период (или вкупно 120 дена) доменот се брише и може да се регистрира од страна на друг регистрант.

Датумот на истекот на доменот е заведен во системот на ПРОЦЕС ИН. ПРОЦЕС ИН по сопствена волја може да го известува клиентот одреден период пред истекот на доменот, односно да испраќа известувања пред истек се со цел клиентот да изврши навремена обнова на доменот. Клиентот е должен истиот да го обнови пред истекот на датумот. Во спротиво влегува во заштитен период од 120 дена и во тој период не може да се прави промена на податоците на доменот.

ПРОЦЕЦ ИН не се смета за одговорен доколку поради технички или друг тип на проблеми со Македонскиот регистар (Марнет) е оневозможена функционалноста на македонските домени. ПРОЦЕС ИН го задржува правото да изврши промена на цената за регистрација и цената за обнова на домен името во било кое време без претходни известувања.

Во случај на приговор на трети лица или во случај на спор помеѓу трето лице и корисникот на доменот (кој произлегува од злоупотреба на домените опишано во претходните точки), ПРОЦЕС ИН не се смета за одговорен према засегнатите страни во спорот, туку ги упатува на решавање на спорот.

Називот на доменот не смее да биде еднаков со заштитен жиг, име, бренд, трговска марка и сл., освен ако клиентот што сака да го регистрира доменот е сопственик на заштитниот жиг, име, бренд, трговска марка и сл. Називот на доменот не смее ниту да содржи имиња за кои според позитивните прописи во РМ е потребно одобрение од надлежен орган за употреба на тие имиња, освен во случаите кога тоа име е содржано во регистрираниот назив на фирмата на клиентот (доколку е правно лице) на доменот, односно клиентот.

УСЛОВИ ЗА ЗАКУП И КОРИСТЕЊЕ НА ХОСТИНГ СЕРВИСИТЕ

ОПШТИ УСЛОВИ

Информации за пристап

Корисникот има одговорност доставените информации за пристап до веб просторот да ги чува како доверливи и да не ги споделува со никого. Корисникот е исто така одговорен за сите активности произлезени од употребата на неговото корисничко име, доколку не се воспостави поинаку. Корисникот исто така се согласува да ги извести администраторите на ПРОЦЕС ИН доколку забележи било какви сомнителни активности, oсобено за оние кои ги вклучуваат корисничко име и лозинка доставени до корисникот.

Кориснички информации

Корисникот се согласува во процесот при првична регистрација (и сите останати дополнителни регистрации) за користење на услугите на ПРОЦЕС ИН, да доставува валидни и точни информации. Исто така се согласува дека доколку постои промена на информациите барани во регистрацијата, навремено ќе го извести ПРОЦЕС ИН.

Корисничка подршка

ПРОЦЕС ИН со цел да овозможи квалитетни услуги, доставува 24 часовна корисничка поддршка. Во работно време тимот за поддршка е достапен преку е-пошта, тикет систем, телефон, онлајн чет (skype, live chat). Вон работно време тимот за поддршка е достапен преку е-пошта и тикет системот. На отворените барања за поддршка преку е-пошта или преку тикет системот одговорите се најдоцна до 24 часа. Доставувањето на овој тип на поддршка е само иницијативно и ПРОЦЕС ИН не е задолжен истата да ја доставува 24 часовно.

Содржини дозволени за хостирање

ПРОЦЕС ИН на своите сервери не дозволува хостирање на сајтови забранети со закон во Р. Македонија и надвор од земјава. Имено, на нашите клиенти им е забрането да хостираат сајтово со порногравска содржина, сајтови кои шират расна, верска и друга меѓучовечка нетрпеливост, како и други содржини забранети со закон. Во таа смисла ПРОЦЕС ИН веднаш ќе го стопира прикажувањето на таквата содржина, а последниците ќе ги сноси договорната страна која ги користи нашите услуги.

Порнографски содржини

Порнографски содржини се дозволени доколку ги задоволуваат условите за порнографија и не ги нарушуваат постоечките закони. Забранети се и линкови до страници кои не ги задоволуваат пропишаните услови кои се однесуваат на порнографија. Доколку хостирате ваков матријал, вие автоматски станувате одговорни доколку биде покренета легална постапка од извесна личност.

Материјал со авторски права

Корисникот се согласува дека нема да доставува или работи со нелегална содржина, или содржина која нарушува авторски или останати права, дигитализирани аудио/видео датотеки, извршувачки датотеки, архивски датотеки и сите останати видови на датотеки. Ваквите страници ќе бидат исклучени и суспендирани. Корисникот е обврзан при поставување на било какви податоци преку услугите на ПРОЦЕС ИН, во обзир да ги земете локалните, државните и интернационалните закони и истите да ги почитува.

Резервни копии од Вашите податоци

Корисниците на услугите се задолжени самостојно да прават резевна копија (backup) и заштита на нивните податоци, датабази, е-поштенски пораки. ПРОЦЕС ИН не превзема одговорност за губење на вашите податоци. Постои можност изгубени податоци да се вратат, но тоа дополнително се наплаќа.

ПРОЦЕС ИН врши backup на сајтовите кои ги хостира на надворешни сервери. На барање на клиентот може да врати бекап од одреден период и оваа услуга дополнително се наплатува 1000 денари + 18% ДДВ. Доколку и по враќањето на backup податоците клиентот не е задоволен од состојбата, ПРОЦЕС ИН не превзема никаква одговорност и претходно уплатените средства не се враќаат.

За хостинг пакети исклучени поради неплатени сметки ПРОЦЕС ИН не превзема одговорност за чување на податоците на клиентот. Доколку постои бекап за одреден период по исклучувањето и доколку клиентот достави барање за превземање на датотеките и податоците од исклучениот сајт, должен е да плати 2000 денари +18% ДДВ за услугата. ПРОЦЕС ИН не гарантира за интегритетот на податоците кои ќе бидат вратени по уплатата на услугата и уплатените средства не се враќаат.

Во случај на хардверски дефект/проблем (RAM, CPU, HDD) на серверите каде се хостирани податоците, ПРОЦЕС ИН се обврзува во периодот од 1 до 7 работни денови да го отстрани дефектот. Доколку има проблем со хард-дискот, истиот се заменува и се враќаат податоците за кои постои резервна копија (back up) која е генерирана по автоматизиран пат. ПРОЦЕС ИН не гарантира за податоците и нивната исправност кои се вратени од back up серверот.

Согласно конфигурацијата на Shared и Reseller серверите, еднаш во годината се извршува автоматско чистење (Auto-Cleanup) на застарени е-поштенски пораки поради заштита од вируси испратени преку електронска пошта. ПРОЦЕС ИН не одговара за избришани застарени е-поштенски пораки. Секој корисник е должен да прави бекап на е-поштенските пораките на дополнителен медиум (хард диск или онлјан сервис). Подготвените бесплатни упатства за локално и далечинско зачувување на е-поштенски пораките се достапни за сите корисници на хостинг услугите.

Големината на backup датотеката на shared и reseller корисниците не смее да биде поголема од 2GB. Доколку имате поголема датотека за бекап, контактирате не за ние да го направиме бекапот за Вас. Shared и Reseller корисниците се ограничени на една бекап датотека. Доколку има повеќе бекап датотеки, постарите датотеки автоматски се бришат на одреден период. ПРОЦЕС ИН не превзема одговорност доколку се избришани потребни содржини од постара бекап датотека.

Преоптеретување

Секој веб сајт троши ресурси како што се процесор, меморија, мрежни ресурси. Доколку вашиот сајт е хостиран на основните или reseller пакетите тогаш ние не толелираме злоупотреба, надминување односно оптеретување на ресурсите на серверот од страна на еден корисник во однос на останатите на истиот сервер. Ресурсите на еден хостинг или reseller сервер мора да бидат распоредени за сите корисници еднакво, така што се ограничува користењето на процесорот и рам меморијата. Прекумерното користење на процесорот и меморијата на еден или повеќе корисници доведува до екстремно забавување на серверот. Доколку дојде до оптеретување на серверот од страна на еден корисник, истиот може да биде суспендиреан без претходно известување. Нашиот технички тим може, но не е обврзан да помогне во одстранување на проблемот со сајтот кој го оптеретува серверот. Доколку некој корисник има потреба од повеќе ресурси како што се рам и процесор тогаш неопходно е да се надогради до Виртуелен Сервер или Дедициран сервер односно до пакет кој нуди гарантирани ресурси на меморија и процесор.

Ограничувања

  • Еден хостинг корисник не смее да надминува искористување на рам меморијата повеќе од 50%
  • Не се дозволува надминување на оптеретеноста на процесорот над 60% по хостинг
  • Apache конекциите се лимитирани на максимални 120 конекции во секунда
  • 100 MySQL конекции е дозволениот максимум
  • Поради заштита од спамирање поставен е лимит од максимален број на 300 испратени е-маил пораки во еден ден.

Овие ограничувања НЕ ВАЖАТ за Виртуелените и дедицираните сервер!

Сопственост

Сите податоци кои се предмет на хостирање на серверите на ПРОЦЕС ИН се сопственост на клиентот. Истотака клиентот има сопственост и над домените кои се регистрирани во негово име во МАРНЕТ за .мк домените и други интернационални домени. Сопственоста трае додека клиентот ги користи услугите на ПРОЦЕС ИН и редовно ги плаќа обврските. Доколку клиентот ги откаже услугите или не ги плаќа обврските на време, сопственоста ја презема ПРОЦЕС ИН и има право да ги откаже домените регистрирани или да ги задржи во своја сопственост.

За време на користењето на услугите на ПРОЦЕС ИН, клиентот има право да побара пренесување на сопственоста на домени во своја корист или кон трети лица. Доколку се откаже од услугите или не ги плаќа на време, ПРОЦЕС ИН нема обврска да ја пренесе сопственоста.

Период на важност на сервисите/услугите

По истекот на временскиот период за кој сте ги закупиле услугите на ПРОЦЕС ИН, потребно е да не инфомирате доколку сакате да го продолжите или откажете користењето на услугите. Плаќањето треба да се врши до или на денот кога тој рок истекува. По истекување на дадениот рок за користење или продолжување на договорот, ПРОЦЕС ИН има право да ги суспендира или откаже услугите доколку долгот не е подмирен. При овој процес може целосно да бидат избришани сите Ваши податоци хостирани на серверите на ПРОЦЕС ИН.

Обновување на договорот

Клиентот е должен да го откаже договорот најмногу 30 дена пред истекувањето на договорот за хостинг услуги. Во спротивно ќе се смета дека клиентот сака да го обнови договорот и затоа ќе му биде испратена фактура која треба да ја плати во рок не подолг од 30 дена. Во спротивно ПРОЦЕС ИН може да ги суспендира услугите на клиентот, делумно или целосно избрише податоците кои се предмет на хостирање. ПРОЦЕС ИН не презема никаква одговорност за делумно прекунување на услугата и евентуалните штети на клиентот доколку клиентот не ги плати навреме своите обврски.

Прекинување на Услугите на Сервисот

ПРОЦЕС ИН, може, без претходна најава а врз основа на своето ексклузивно право и без било каква причина да го прекине вашето право на пристап или користење на Веб страните, Сајт Содржина или Сервиси (или било кој дел од нив) доколку прекршите некои од овие Услови. Исто така, вие се сложувате, да било какво прекинување на вашиот пристап до Веб страните, Сајт Содржина или Сервиси може да стапи на сила без претходна најава, а исто така прифаќате и се сложувате ПРОЦЕС ИН веднаш да ви ги деактивира и избрише вашите Кориснички Сметки и било која Корисничка Содржина или ви забрани понатамошен пристап до такви Кориснички Сметки и Кориснички Содржини, Сајтови, Сајт Содржина или Сервиси.

Понатаму, ПРОЦЕС ИН нема да се смета за одговорен пред вас или трето лице за било какви трошоци или штети од било каков вид кои се јавуваат како резултат на прекинување на вашиот пристап до Веб страните, Сајт Содржина или Сервиси или било какво деактивирање или бришење на вашите Кориснички Сметки и Корисничка Содржина.

Доколку клиентот сака да ги откажи услугите во предвидениот рок, има можност да побара снимање на податоците од неговиот простор на оптички медиум кој ќе му биде испратен по пошта. Нашата услуга за снимање и праќање на податоци по пошта чини 1200 денари (со вклучен ддв 18%).

Врз основа на неплатени сметки и прекинување на услугите, ПРОЦЕС ИН не превзема одговорност за чување на податоците на клиентот. Доколку постои бекап за одреден период по исклучувањето и доколку клиентот достави барање за превземање на датотеките и податоците од исклучениот сајт, должен е да плати 2000 денари +18% ДДВ за услугата. ПРОЦЕС ИН не гарантира за интегритетот на податоците кои ќе бидат вратени по уплатата на услугата и уплатените средства не се враќаат.

Гаранција

ПРОЦЕС ИН дава гаранција за активност на серверите од 99%. Сепак во никој случај ПРОЦЕС ИН не може да биде држен одговорен за било која директна, индиректна, посебна, казнена или консеквентна штета која резултира на било кој начин од употребата или неможноста за употреба на услугите кои ги нудиме, или пак од користењето на веб просторот кој го закупува некој наш клиент.

Хардверски проблем

Во случај на хардверски дефект/проблем со ( RAM, CPU, HDD) на серверите каде се хостирани податоците, ПРОЦЕС ИН се обврзува да го отстрани дефектот во периодот до 7 работни денови. Доколку проблемот е во хардискот, каде што се сместени податоците, истиот се заменува и се враќаат податоците за кои имаме back up кој е генериран по автоматизиран пат, но спеак не гарантираме за податоците и нивната исправност вратени од back up серверот. Клиентот е секогаш должен да има своја резервна копија од веб сајтот.

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ПРИ ОПШТА ЗЛОУПОТРЕБА

Клиентот нема право услугата да ја злоупотребува за неовластен пристап до податоци на серверот или податоци на други клиенти. Во спротивно клиентот може веднаш да биде исклучен без известуавње и без право на поврат на платените средства за услугата. покрај тоа сноси и кривична одговорност за неовластен пристап до недозволени информации и ќе се третира како ИТ криминал.

CGI Скрипти

Сите скрипти со кои доведуваат до потенцијален сигурносен ризик на серверот или ги злоупотребуваат ресурсите на серверот, автоматски ќе бидат исклучуени без претходна најава. ПРОЦЕС ИН не дозволува делење на скрипти со домени што не се хостирани од наша страна.

Полиса за нула-толеранција на СПАМ

ПРОЦЕС ИН има нула-толеранција, анти-спам полиса, според која праќање на спам или друга несакана комерцијална е-пошта од нашите сервери строго е забранета. Ова вклучува, но не е ограничено само на: масовно испраќање на промотивни пораки, пропагандни материјали или непожелна комерцијална пошта на било кои групи на општествената заедница. Доколку праќате масовна пошта, имате обврска на примателите на таа пошта да им овозможите да се избришат себеси од вашата листа за масовна електронска пошта. Го задржуваме правото веднаш да ја деактивираме вашата сметка и да го спречиме понатамошното користење на нашите услуги доколку откриеме вакви активности. Било која организација или ентитет кои се на листата на ROKSO не можат да бидат хостирани на нашите сервери. Било кој акаунт кој ќе предизвика ставање на нашите IP адреси на црна листа ќе биде инстантно суспендиран и/или избришан. Покрај ова нашите сервери се опремени со висока технологија за заштита од спам пораки.

ПРАВНИ ПРОПИСИ

Надомест на штета

Доколку тимот на ПРОЦЕС ИН биде тужен и му се заканува тужба од трети лица поради нешто кое вие сте го направиле со користењето на услугите или како наш соработник, вие се согласувате да ги сносите последиците доколку се констатира дека ПРОЦЕС ИН е виновен или треба да плати паричен надомест за помирување. Во правна смисла, ова се нарекува надомест на штета. Не само што се сложувате да ги рефундирате средствата кои сме ги дале за да ја задоволиме пресудата или да го решиме сето тоа спогодбено, туку исто така се сложувате да ги платите и адвокатските хонорари на оние кои ќе не застапуваат и сите други трошоци со кои ПРОЦЕС ИН може да се здобие бранејќи се себе си.

Ценовник

Услугите за хостирање на сајт и регистрација на домени се дадени на нашата веб страна. Тоа значи дека ценовникот на нашите услуги како и наплатата на истите се неодминлив дел и се согласувате дека сите услуги се наплаќаат однапред за определениот период.

ДРУГО

Поради развојот на нашиот бизнис и променливата природа на веб хостинг индустријата, овие правила на користење на услугите може да бидат променети и ПРОЦЕС ИН не превзема никаква одговорност. ПРОЦЕС ИН го задржува правото без претходно известување да ги измени условите за користење. Корисниците на услугите се должни без никакви ограничувања да ги прифатат новодоставените услови.

За прашања поврзани со Условите за користење на хостинг сервисите, контактирајте не.