1. Интернет – глобален комуникациски систем кој се состои од голем број на меѓусебно поврзани автономни системи (мрежи) кои вршат размена на информации со користење на заеднички збир на протоколи за комуникација.

2. IP адреса – е нумерички идентификатор кој на недвосмислен начин овозможува адресирање на уреди поврзани на интернет.

3. Именски опслужувачи – имиња на именски сервери на кои е поставен доменот.

4. Единствен регистар – база на податоци на имиња на домени, нивните регистранти и овластени лица за нивна администрација. Регистарот ги содржи сите регистрирани домени во .mk и .мкд домените кои постојат на примарниот именски опслужувач за .mk и .мкд во (понатамошниот текст – Регистар).

5. МАРнет – јавна установа која врши дејност од јавен интерес за развој, организација и управување на единствената образовна и истражувачка телекомуникациска мрежа во Република Македонија.

6. Име на поддомен – низа од дозволени карактери и симболи.

7. Датум на регистрација – датумот на кој доменот е регистриран и истиот е видлив во Регистарот.

8. Датум на истекување на регистрација – датум до кој е валиден доменот односно датум до кој се подмирени финансиските обврски за доменот и истиот е видлив во Регистарот.

9. Регистрант – правно или физичко лице кое, како краен корисник, го регистрирал доменот преку овластен регистрар.

10. Контакт – e овластено правно или физичко лице, кое може да биде административен или технички контакт или е во улога на регистрант.