Нарачка може да направите директно преку сајтот или едноставно да ни се јавите или пишете на емаил, ние ќе ја направиме нарачката за вас и ќе ви ги објасниме деталите за уплата и активација.
- Изберете еден од хостинг пакетите што ги нудиме на нашиот веб страна: http://inhost.mk/
Сите хостинг пакети имаат слични карактеристики, се разликуваат само во однос на хостинг просторот како и месечниот трансфер и во бројот на домени кои може да ги хостирате на дадениот хостинг пакет. Ако вашиот веб сајт тежи помалку од 500mb тогаш може да го закупите првиот BASIC пакет. Овој избор би ви бил идеален доколку во блиска иднина не планирате да хостирате уште домени, како и не планирате да го надоградувате веб сајтот, па да ви биде потребен поголем простор. Во секој момент во иднина ќе може да преминете од еден на друг пакет. - Изберете име на домен - доколку немате веќе регистрирано сопствено домен име
Во овој чекор од нарачката ќе треба да си изберете име на домен со кој ќе го користите хостингот. Доколку веќе поседувате ваш домен и сакате за него да важи хостингот што го нарачувате, тогаш одберете ја втората опција. - Период на услугата
Во временско плаќање ќе изберете за колку време сакате да ја закупите услугата. Обично нашите клиенти услугите ги закупуваат за 1 година. - Преглед на кошничката за нарачки
Во овој дел ќе може да ги погледнете сите детали околу нарачката, цени за истата, пресметки.
Доколку сте нов корисник на INHOSTќе треба да се регистрирате и да ги внесете вашите податоци, како и на крај да го изберете начинот на плаќање. - Завршување на нарачката и плаќање
На крај по завршување на нарачката ќе ви биде генериран единствен број на нарачката како и број на профактура која ќе треба да ја платите. По уплатата на профактурата INHOST веднаш ги активира услугите.