ПРОЦЕС ИН ДООЕЛ („ПРОЦЕС ИН“, „ние“, „наше“ „нам“) води сметка за зачувување на онлајн приватноста и воедно сака да бидете запознаени како ги собираме, користиме и објавуваме било каквите Лични податоци кои вас ќе ве идентификуваат. Политиката на Приватност ги објаснува податоците применливи на веб страните достапни под домените „processin.mk, inhost.mk, cloudcart.mk. e-commerce.mk“ („веб страни“) и сите ПРОЦЕС ИН сервиси достапни до вас преку или во соработка со страните на ПРОЦЕС ИН („Сервиси“).

Политиката на приватноста е инкорпорирана во условите и е дел од нашите Услови за Користење што ги исцртува и дава преглед на условите и состојбите со кои вие се сложувате кога пристапувате и ги користите веб страните и сервисите. Со доставување на вашите Лични податоци вие се сложувате односно давате согласност за прибирање на истите, користење и објавување на вашите лични податоци како што е наведено во Политиката на приватност. Политиката на приватност може, во секое време да биде ревидирана од наша страна со ажурирање на овој документ. По направени вакви ревизии и нивно постирање вашето користењето на веб страните и сервисите ќе значи дека вие се сложувате со ваквата ревидирана Политика на приватност. Од време на време, треба да ја посетувате ова страница за да направите преглед на ревидираната Политиката на приватност.

Личните податоци на корисниците на нашата веб страница се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20 и 294/21).

Што се тоа лични податоци?

За „Лични податоци“ велиме дека се било кој податок, запишан во било каква форма, со кој се идентификува една индивидуа или индивидуа чиј идентитет може да се дознае или одреди со тој податок, а кои не се поврзани со податокот за бизнис контакт (име, назив, адреса на фирма). Ова Политика на Приватност не ги покрива глобалните податоци преку кои идентитетот на личноста не може да се одреди. Ние, го задржуваме правото на користење на глобални податоци на било кој начин кој го сметаме за соодветен.

Согласност

Доколку законот тоа не го дозволува, ние нема да ги бараме, користиме или објавуваме вашите Лични податоци за било која намена без претходно да добиеме ваша согласност. Сепак ние можеме да бараме користење и објавување на Лични податоци откако тие ќе бидат приберени и тоа во оние случаи кога ние ќе сакаме да ги искористиме вашите Лични податоци за некоја нова или друга намена.

Со доставување на вашите Лични податоците вие се сложувате и согласувате дека ние може да ги имаме, користиме и објавиме ваквите лични податоци во согласност со оваа Политика на Приватност.

Права и цели за обработка Вашите лични податоци?

Нашата веб страница собира лични податоци исклучиво од субјектите на лични податоци (корисниците).

Правна основа за обработка на Вашите лични податоци на нашата веб страница преку формите: „Нарачка“, „Кошничка“, „Консултација“, „Отворање на тикет“, „Регистрација и најава“, „Поднесување на барање за регистрација и промена на домен или промена на сопственост“ е Вашата согласност да ги обработуваме Вашите лични податоци за да отпочнеме активности за реализација на бараната нарачка и наплата, со што се воспоставува договорен однос меѓу Вас и ИНХОСТ.

Лични податоци кои ги обработуваме?

Доколку сакате да не контактирате за нашите услуги, да побарате понуда, доколку имате проблем со користење на услугите или техничко прашање, доколку сакате да регистрирате домен или имате проблем со наплата или фактура потребно е да ги внесете Вашите лични податоци: Име и презиме, Адреса, Телефон, Е-пошта, Порака.

Колачиња (Cookies)

Нашата веб страница користи колачиња. Колачињата се текстуални датотеки зачувани во Вашиот информациски систем преку веб пребарувачот.

Многу колачиња содржат таканаречен ИД на колачето - единствен идентификатор на колачето, кој се состои од низа карактери преку кои посетените веб страници ги разликуваат веб пребарувачите на нивните корисници од другите веб пребарувачи, а со помош на единствениот идентификатор на колачето.

Со користење на колачиња на нашата веб страница, Ви нудиме подобри услуги Вам на корисниците. Колачињата ни овозможуваат, да ги препознаваме корисниците на нашата веб страница. Целта на ова е да Ви го олесниме користењето на нашата веб страница. Доколку користите колачиња на нашата веб страница, не мора секогаш кога пристапувате до веб страницата да внесувате податоци за пристап, затоа што ги преземате од веб страницата и колачето е зачувано на Вашиот информациски систем.

Како корисник, можете во секое време да спречите поставување на колачиња преку нашата веб страница со користење на соодветна поставка на веб пребарувачот или трајно да го одбиете поставувањето колачиња, а може и веќе поставените колачиња да ги избришете во кое било време преку веб пребарувачот или други софтверски програми. Ако го исклучите поставувањето колачиња преку веб пребарувачот, не ќе може во целост да ги користите сите функции на нашата веб страница.

Дали и на кого ќе ги откриеме вашите лични податоци согласно закон

Вашите лични податоци ќе ги откриеме на надлежни државни органи за цели на водење на постапки согласно закон. За секое откривање на Вашите лични податоци, ќе водиме писмена евиденција и ќе Ве известиме на соодветен начин. Доколку во иднина се појави потреба за откривање на податоците на трето лице кои не се предвидени во оваа Политика, ќе побараме Ваша согласност онаму каде што е тоа неопходно и ќе извршиме дополнување на Политиката за приватност пред таа обработка воопшто да започне.

Право на бришење (Право да се биде заборавен)

Имате право да барате бришење на Вашите лични податоци без непотребно одложување. Ние сме должни да постапиме по ваквото барање ако е исполнет еден од следните услови: Личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои се собрани или за кои се обработуваат; Сте ја повлекле согласноста на која се заснова обработката, а не постои друга правна основа за обработка; Сте приговарале на обработката; Обработката на личните податоци е незаконита; Постои законска обврска за бришење на личните податоци.

За сите прашања во врска со заштитата на личните податоци, контактирајте го офицерот за заштита на лични податоци на 071 244 660 | contact@inhost.mk

Право на поднесување барање до Агенција за заштита на личните податоци

Доколку сметате дека личните податоци не ги обработуваме согласно ЗЗЛП можете да се обратите до: Агенција за заштита на личните податоци бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје