Приватност и лични податоци
ИНХОСТ.мк ги собира личните податоци за своите корисници во согласност со Законот за заштита на лични податоци и останатите важечки регулативи во Северна Македонија. Вашите лични податоци се строго доверливи, истите нема да бидат неовластено заменети, злоупотребени или дадени на трети лица. Единствен случај на пренос на личните податоци на корисниците на ИНХОСТ на трети лица е при непочитување на законските одредби и при исполнување на барањата на надлежните институции (адвокат, нотар, суд, извршител и др.) и во постапки утврдени со закон.
Вработените на ИНХОСТ.мк, се обврзани да ги чуваат и да се однесуваат со личните податоци на своите корисници како кон информации со доверлива природа.
Податоците на регистрантите за .mk и .мкд домените се јавни и се објавени на официјалната страна на Марнет http://whois.marnet.mk .
Сигурност на податоците
ИНХОСТ.мк ги презема сите пропишани организациски, административни, технички и физички мерки за заштита на личните податоци се со цел да се спречи загуба, кражба, злоупотреба на личните податоци. ИНХОСТ.мк може да изврши промена на полисата за приватност.
Валидни информации и право на корисник
При нарачка на нашите услуги должни сте да пополните валидни и точни податоци за вас. Доколку дојде до промена на податоците кои се евидентирани кај нас, вие обврзани сте да не известите за настанатата промена или истите сами да ги променете во вашиот кориснички профил. Валидните податоци се од голема важност за да се избегне злоупотреба на вашиот кориснички профил од страна на трети лица. Сите барани промени се процесираат од страна на ИНХОСТ.мк по пристигнато барање за промена и истото потребно е да се испрати на нашитот тим за поддршка. Доколку лицето нема пристап до е-поштата која е наведена за контакт може истата да ја промени во областа за клиенти или да ни достави доказ со кој ќе се потврди неговиот идендитет.
Доколку при нарачката имате внесено назив и седиште на компанијата во тој случај нарачаните услуги се водат на компанијата додека лицето кое е наведено е само лице за контакт. Во овој случај компанијата го има правото на сопственост на нарачаната услуга и правото на промена на лицето за контакт.
Тест период на сервиси
ИНХОСТ.мк на сите заинтересирани потенцијални клиенти може да им обезбеди тест период за сите хостинг сервиси (во зависност од локацијата на серверот). Тест периодот е во времетраење од 7 дена и истиот може да се пролонгира доколку клиентот има барање за пролонгирање и реални причини за потребата од подолг тест период.
Нарачки и нов кориснички профил
Известување за успешно завршената нарачка по систематизиран пат се испраќа на е-поштата која е наведена како контакт при нарачка и регистрација на профил. По добивањето статус на регистриран корисник, ви испраќаме инструкции за користење на услугите како и корисничко име и лозинка кои треба да ги чувате доверливо и кои не треба да ги споделувате со трети лица за да не дојде до злоупотреба на сервисите. Доколку повеќе лица имаат пристап до хостинг пакетот за одговорен ќе се смета она лице кое е заведено како лице за контакт. Доколку забележите сомнителни активности поврзани со вашиот кориснички профил потребно е веднаш да бидеме известени.
Содржина и обврски на корисникот
ИНХОСТ.мк се согласува да прифати порнографска содржина доколку се во согласност на законските норми, содржините да не содржат материјали од лица помлади од осумнаесет (18) години, порнографските содржини да бидат наменети за лица постари од осумнаесет (18) години. Корисниците пред објавување на порнографскиот материјал должни се да го проверат изворот како и податоците за истиот. Како клиент на ИНХОСТ.мк се обврзувате дека нема да објавувате нелегална содржина, расистички, насилни, злобни и непристојни содржини како и навреда на одредена религија, терористичка содржина, класифицирани доверливи информации и документи ( согласно Законот за класифицирани информации на Северна Македонија ), сродни веб страни на терористичка мрежа, содржина која ги нарушува авторските права. Се обврзувате при поставување на податоци на серверите на ИНХОСТ.мк во обзир да ги земете законите на Северна Македонија: локалните, државните и интернационалните закони и истите да ги почитувате како и Законот за Класифицирани информации. Доколку податоците/содржините на вашиот хостинг акаунт се спротивни и не го почитуваат Законот на Северна Македонија, вие сами ја сносите одговорноста за настанатата ситуација. Се согласувате дека нема да ги користите услугите за складирање или дистрибуција на злонамерни кодови, скрипти или друг вид на софтвер кој може да доведе до создавање на софтверски или хардверск грешки, намалување на брзината на работење на серверот, или на било каков начин да ја загрози сигурноста на серверите на ИНХОСТ.мк. При затекнување на некоја од горенаведените содржина корисникот се обврзува истата да ја отстрани во најбрз временски период, доколку таквата содржина не ја отстрани во дадениот временски период ИНХОСТ.мк го задржува правото да го деактивира или избрише акаунтот без претходно известување. Вие во никој случај нема да го сметате ИНХОСТ.мк за одговорен за настанатата ситуација.
Безбедност и заштита на серверите
ИНХОСТ.мк се грижи за максимална заштита и безбедност на серверот но не и за заштита на веб страните кои се хостираат на него. Клиентот е должен сам да го оддржава и надоградува сајтот со понови верзии на софтвер врз кој е базиран самата веб страна. Во случај на хакерски напад на веб страната клиентот е должен сам да го реши и отстрани проблемот. ИНХОСТ.мк може но не е должен да го реши и отстрани проблемот на сајт што е предизвикан од страна на трети лица и за истото да побара надохнада. ИНХОСТ.мк не нуди заштита од DDOS напади за веб страни правени од трети лица, со што во случај на прекинн на сервисите поради DDOS напад ИНХОСТ.мк не се смета за одговорен. Во случај DDOS нападот да биде насочен кон одреден корисник ИНХОСТ.мк има право истиот корисник да го одстрани од сопствените сервери без претходна најава.
Враќање на податоци од бекап сервер
Доколку хостинг акаунтот е деактивиран поради неплатена сметка и клиентот сака да ги преземе податоците, ИНХОСТ.мк го има правото на менаџирање. По истекот на уплатениот период податоците се чуваат на сервер 7 дена. Доколку во првите 3 дена клиентот побара преземање на податоците и трансфер на друг сервер, не на серверите на ИНХОСТ.мк, истиот е должен да го затвори отвореното салдо и доплати 2.000,00 ден. Додека клиентот побара преземање на податоците и истите да останат хостирани на некој од серверите на ИНХОСТ.мк должен е само да го плати долгот и да го реактивира акаунтот. Податоците се доделуваат по забележаната уплата. По истекот на 3тиот ден доколку клиентот побара преземање на податоците услугата чини 3.500,00 ден. ИНХОСТ.мк не гарантира за состојбата на податоците, а уплатените средства не се рефундираат.
Виши сили
Под виша сила се подразбира настан независен од волјата на договорените страни, чие настапување не можело да се спречи или предвиди и поради кое исполнувањето на обврските станало отежнато или невозможно. Природни или општествени настани/катастрофи, акти на јавната власт или во случај на виши сили, хаварија (пожар, поплави, терористички напади итн...) каде последиците се губење на податоци хостирани на серверите на ИНХОСТ.мк, ИНХОСТ.мк не одговара за губењето на податоците хостирани на тие сервери. Поради тоа строго се препорачува самите клиенти да си прават backup на своите податоци.
Хардверски проблем
Во случај на хардверски дефект/проблем со (RAM, CPU, HDD) на серверите каде се хостирани податоците, ИНХОСТ.мк се обврзува во периодот од 1 до 7 работни денови да го отстрани дефектниот дел и замени со нов исправен. Доколку се увиде дека проблемот е лоциран во хардискот, истиот се заменува и се враќаат податоците за кои имаме backup кој е генериран по автоматизиран пат но ние не гарантираме за податоците и нивната исправност вратени од backup серверот, со што доколку има проблем со вратените податоци должни сте да ни доставите ваша резервна датотека и истата биде инсталирана на акаунтот од страна на нашиот тим за поддршка.
Штети настанати поради недостапност на дата центарот или рута
ИНХОСТ.мк не сноси одговорност за било какви штети (материјални/нематеријални) претрпени на вашиот бизнис поради проблем со вашата апликација хостирана на нашите сервери или поради привремена недостапност на некој од серверите во дата центарот или моменталните рути.
Преоптеретувања на серверите
Секоја веб страна троши ресурси како што се процесор, меморија, мрежни ресурси. Доколку вашата веб страна е хостирана на shared или reseller хостинг план тогаш ние не толелираме злоупотреба, надминување односно оптеретување на ресурсите на серверот од страна на еден акаунт во однос на останатите акаунти на истиот сервер. Ресурсите на еден хостинг или reseller сервер мора да бидат распоредени за сите корисници еднакво, така што се ограничува користењето на процесорот и рам меморијата. Прекумерното користење на процесорот и меморијата на еден или повеќе корисници доведува до екстремно забавување на Apache, MySQL, E-mail, HTTP и др... Доколку дојде до оптеретување на серверот од страна на еден акаунт истиот акаунт може да биде деактивиран без претходно известување. Нашиот технички тим може е обврзан да помогне во одстранување на проблемот со кој се оптеретува серверот. Доколку сепак одреден акаунт има потреба од повеќе ресурси како што се рам и процесор тогаш неопходно е да се надогради до ВПС или Дедициран сервер, односно до пакет кој нуди гарантирани ресурси на рам и процесор.
Надминувања на ресурсите на пакетите
Хостинг пакетите се креирани така да имаат доволни ресурси и да одговараат на потребите и барањата на клиентите. Сепак може да се случи да дојде до целосно искористување на веб просторот или месечниот сообраќај согласно вашиот пакет. Кога искористувањето на веб просторот или месечниот сообраќај е поголемо од 80% преку е-поштата ќе добиете известување за искористеноста. Доколку целосно го искористете дозволениот веб простор или месечен сообраќај ИНХОСТ.мк системски и автоматски може да го суспендира вашиот акаунт. Доколку го искористете целосно вашиот месечен сообраќај пред истекот на тековниот месец вашиот сајт ќе биде недостаен до 01 наредниот месец кога мерачот за сообраќај ќе се ресетира. За Дедицираните сервери по надминување на месечниот сообраќај се доплаќа дополнително за секој потрошен 1GB на сообраќај. Цената за доплата е во зависност од локацијата каде е поставен дедицираниот сервер. Корисникот е должен навреме да се информира за цената на надминатите GB сообрќај за дедицираните сервери.
Полиса за нула-толеранција на СПАМ
ПРОЦЕС ИН има нула-толеранција, анти-спам полиса, според која праќање на спам или друга несакана комерцијална е-порака од нашите сервери строго е забранета. Ова вклучува, но не е ограничено само на: масовно испраќање на промотивни пораки, пропагандни материјали или непожелна комерцијална пошта на било кои групи на општествената заедница. Доколку праќате масовна пошта, имате обврска на примателите на таа пошта да им овозможите да се избришат себеси од вашата листа за масовна електронска пошта. Го задржуваме правото веднаш да ја деактивираме вашата сметка и да го спречиме понатамошното користење на нашите услуги доколку откриеме вакви активности. Било која организација или ентитет кои се на листата на ROKSO не можат да бидат хостирани на нашите сервери. Било кој акаунт кој ќе предизвика ставање на нашите IP адреси на црна листа ќе биде инстантно суспендиран и/или избришан. Покрај ова нашите сервери се опремени со висока технологија за заштита од спам пораки.
Поради заштита од спамирање поставен е лимит од максимален број на 100 испратени е-пораки во рок од еден час.
CGI Скрипти
Сите скрипти со кои доведуваат до потенцијален сигурносен ризик на серверот или ги злоупотребуваат ресурсите на серверот, автоматски ќе бидат исклучуени без претходна најава. ИНХОСТ.мк не дозволува делење на скрипти со домени што не се хостирани од наша страна.
Регистрација на македонски .mk домен
Согласно правилникот за регистрација на македонските домени и поддомени, регистрантот поднесува барање за продолжување на регистрација на доменот до Регистрарот и тоа најмалку 30 дена пред истекот на времето за регистрација.
Доколку доменот не биде обновен до датумот на регистрација, влегува во заштитен период од 120 дена и во тој период не може да се прави промена на податоците на доменот. Ако доменот не се обнови во првите 60 дена од заштитениот период, доменот се брише од .mk зоната, но не може да се регистрира од страна на друг регистрант. По истекот на останатите 60 дена од заштитениот период (или вкупно 120 дена) доменот се брише и може да се регистрира од страна на друг регистрант.
Датумот на истекот на доменот е заведен во системот на ИНХОСТ.мк и по сопствена волја може да го известува клиентот одреден период пред истекот на доменот, односно да испраќа известувања пред истек се со цел клиентот да изврши навремена обнова на доменот. Клиентот е должен истиот да го обнови пред истекот на датумот. Во спротиво влегува во заштитен период од 120 дена и во тој период не може да се прави промена на податоците на доменот.
ИНХОСТ.мк не се смета за одговорен доколку поради технички или друг тип на проблеми со Македонскиот регистар (Марнет) е оневозможена функционалноста на македонските домени.
ИНХОСТ.мк го задржува правото да изврши промена на цената за регистрација и цената за обнова на домен името во било кое време без претходни известувања.
Во случај на приговор на трети лица или во случај на спор помеѓу трето лице и корисникот на доменот (кој произлегува од злоупотреба на домените опишано во претходните точки), ИНХОСТ.мк не се смета за одговорен према засегнатите страни во спорот, туку ги упатува на решавање на спорот.
Називот на доменот не смее да биде еднаков со заштитен жиг, име, бренд, трговска марка и сл., освен ако клиентот што сака да го регистрира доменот е сопственик на заштитниот жиг, име, бренд, трговска марка и сл. Називот на доменот не смее ниту да содржи имиња за кои според позитивните прописи во Северна Македонија е потребно одобрение од надлежен орган за употреба на тие имиња, освен во случаите кога тоа име е содржано во регистрираниот назив на фирмата на клиентот (доколку е правно лице) на доменот, односно клиентот.
Уплата и активирање на хостинг сервисите
Сите хостинг сервиси се активираат веднаш по успешно завршената нарачка и нејзина уплата. Потребните информации за користењето на истите, а врз основа на извршена уплата, автоматски се ипраќаат на е-поштата наведена за контакт. Доколку направите нарачка со одложено плаќање, должни сте да истата ја уплатите во рок од 7 (седум) работни дена. Доколку во овој рок не е забележана уплата истата нарачка ќе биде деактивирана/откажана. Нарачките кои се со статус (се чека уплата) не се активираат веднаш.
Уплата на останати сервиси, менаџмент и нивно сетирање
Лиценците за софтвер, Виртуелните Сервери, Дедицирани Сервери и друго се активираат исклучиво по забележаната уплата. Активацијата на горенаведените услуги е различна. Инсталацијата на софтверот како и сетирањето на ВПС серверите започнува по забележаната уплата (доколку клиентот има менаџмент од ИНХОСТ.мк) трае од 6 до 36 часа во зависност од софтверот кој се инсталира. Доколку клиентот нема менаџмент од ИНХОСТ.мк тој е должен сам да го конфигурира серверот во зависност од неговите потреби. ИНХОСТ.мк обезбедува само root пристап и може да реши проблеми исклучуво поврзани со хардвер и мрежа или проблем со оперативнот систем. За проблеми од софтверска природа клиентот истите ги решава сам. При нарачката клиентот сам одлучува кои услуги ќе ги користи/нарача.
Полиса за рефундирање
Проблеми поврзани со хостинг акаунтот или серверот, клиентот е должен да ги пријави до техничкиот оддел на ИНХОСТ.мк. Доколку во рок од 48 часа проблемот не биде решен од страна на ИНХОСТ.мк, имате можност да побарате рефундирање на уплатените средства (преостанати денови на пакет). Можноста за рефундирање се однесува за Shared, Reseller и VPS услугите (во зависност од локацијата). Додека оваа полиса не важи за клиентите кои имаат нарачано Дедициран Сервер, еднократен надомест за сетирање за Дедицираните Сервери, Лиценци за софтвер, регистација на домени.
Обнова на сервиси и домени
Пред истекот на уплатениот период ИНХОСТ.мк ќе ви испрати е-порака, известување во врска со обнова на сервисите или домените. Доколку од било која причина сакате да откажете сервиси, должни сте да не известите најмалку 7 дена пред истекот на сервисите. Доколку не не известите, а сакате да откажете сервиси но времето за откажување е изминато, во тој случај должни сте да се изврши уплата за нивно продолжување. Уплатата за обнова на сервисите се врши пред истекот на уплатениот период. Уплатата за обнова може да ја извршите до или на самиот ден кога истекува сервисот. Доколку во наведениот период не се изврши уплата сервисот ќе биде откажан/деактивиран, а податоците избришани. ИНХОСТ.мк во никој случај нема да го сметате за одговорен, поради деактивирање на серверот доколку причината е неплатена сметка.
Техничка поддршка
ИНХОСТ.мк со цел да овозможи квалитетни услуги, доставува 24 часовна корисничка поддршка. Во работно време тимот за поддршка е достапен преку е-пошта, тикет систем, телефон. Вон работно време тимот за поддршка е достапен преку е-пошта и тикет системот. На отворените барања за поддршка преку е-пошта или преку тикет системот одговорите се најдоцна до 24 часа. Доставувањето на овој тип на поддршка е само иницијативно и ИНХОСТ.мк не е задолжен истата да ја доставува 24 часовно.
Правни прописи и надомест на штета
Доколку тимот на ИНХОСТ.мк биде тужен и му се заканува тужба од трети лица поради нешто кое вие сте го направиле со користењето на услугите или како наш соработник, вие се согласувате да ги сносите последиците доколку се констатира дека ИНХОСТ.мк не е виновен или треба да плати паричен надомест за помирување. Во правна смисла, ова се нарекува надомест на штета. Не само што се сложувате да ги рефундирате средствата кои сме ги дале за да ја задоволиме пресудата или да го решиме сето тоа спогодбено, туку исто така се сложувате да ги платите и адвокатските хонорари на оние кои ќе не застапуваат и сите други трошоци со кои ИНХОСТ.мк може да се здобие бранејќи се себе си.
Ценовник на сервиси
Сервисите за хостирање и регистрација на домени се дадени на нашата веб страна. Тоа значи дека ценовникот на нашите услуги како и наплатата на истите се неодминлив дел и се согласувате дека сите услуги се наплаќаат однапред за определениот период. Цените на хостинг пакетите кои се за месечно ниво се само илустративно прикажани. Минималниот период на закуп е една година.
Аукција и препродажба на домени
Со зачленување и учество на нашата прва и единствена платформа за аукција на домени која е оценета како најбрза и најзгодна достапна услуга, при објава на домен за продажба, СЕ СОГЛАСУВАТЕ тој автоматски со одредено време на траење се пренесува во наша сопственост. На овој начин вие како понудувач неможе да влезете во преговори со заинтересираните, а заобиколувајќи ја платформата и останатите понудувачи. Исто така СОГЛАСНИ СТЕ да при успешна продажба и трансфер на домен, ви биде наплатено 20% од износот на трансакцијата.
Промени во условите за користење
Поради развојот на нашиот бизнис и променливата природа на веб хостинг индустријата, овие правила на користење на сервисите може да бидат променети и ИНХОСТ.мк не презема никаква одговорност. ИНХОСТ.мк има правото да ги измени, додаде, избриши одредени одредби од условите за користење без за тоа да бидат известени корисниците. Доколку се променат условите корисникот треба да ги прифати новите услови или пак да се придржува на претходните се додека не истече уплатениот период. ИНХОСТ.мк без да ги извести корисниците може да ги суспендира, исклучи или ги ограничи корисниците кои нема да се придржуваат кон условите за користење или некои од законите. ИНХОСТ.мк може да изврши промена на цените на услугите за обнова и регистрација без претходно известување.