• Недела, Март 20, 2022

Пред да почнам да обајаснувам за предностите на една интернет продавница, да се потсетиме како беше во блиското минато. Знаеме дека ниеден бизнис не може да преживее ако не се приспособува на промените со текот на времето. Живееме во ера на технолошки револуции, а интернетот го промени начинот на кој ги живееме нашите животи. Сите информации на светот може да се најде на интернет; до само пред две децении, луѓето користеа весници, списанија, книги и ги посетуваа библиотеките за да ги најдат информациите што им се потребни.

Но денес работите се сменети, а пребарувачите и социјалните мрежи се извор на секоја информација која ни е потребна. Тоа влијае и на начинот на кој луѓето купуваат производи и користат услуги. Во ова ново сценарио, развој на интернет продавница за сопствен бизнис стана исклучително важен сегмент за секој бизнисмен.

Со градење на интернет продавница за вашиот физички бизнис, ќе се отвори нов прилив на приходи. Се разбира, одлично е да поседувате физичка продавница на одредена локација која привлекува многу клиенти, но мора да се изгради онлајн присуство, ако сакате да се зголемат приходите. Исто така некои параметри се менуваат - се повеќе и повеќе луѓе ги користат своите мобилни и други преносни уреди за да порачуваат производи и да искористат услуги преку интернет.

Повеќе информации на E-COMMERCE

 

 

INHOST | Поголеми. Подобри. Побрзи. Побезбедни.

Премиум хостинг провајдер и регистрар за .mk домени во Македонија.

Хостирај во INHOST.mk со професионална  поддршка 24/7.

ИНХОСТ | Твој деловен партнер.