Нарачки со кредитни картички!

Нашите клиенти се задоволни од овој начин на плаќање и веќе уплатите се вршат со кредитни картички. Процесот на нарачка е ист како и до сега. На крајниот чекор кога ќе треба да изберете начин на плаќање, избирате Visa/Visa Electron/MK Domestic Cards  и доколку нарачката е успешна се генерира нова сметка. Сметката се плаќа со кликање на копчето “Pay”. Се прави редирекција до страната на www.cpay.com.mk со информации пратени од наша страна со што само пополнувате информации за кредитната картичка на сајтот на cpay.com.mk . Имајте во предвид дека информациите за картичката не се пополнуваат на сајтот на INHOST -> со што безбедноста е подигната на високо ниво.

Еве преку пример како се врши уплатата на сајтот на cpay.com.mk:

 

УПЛАТА БЕЗ РЕГИСТРАЦИЈА НА CPAY.COM.MK

Кликнете на PAY линкот

Нова веб страна се отвара. Страната содржи форма за пополнување на информации. Од левата страна ги пополнувате информациите за кредитната картичка, додека од десната се информациите пратени од страната на INHOST ( INHOST не ги праќа сите ваши информации ).

Пополнете ја формата со следните валидни информации:

- Бројот на кредитната картичка:
Бројот го внесувате исто како на картичката.

- Име на картичката:
Ова е името на картичката на корисникот кој ја поседува. Името мора да го внесете исто како што е напишано на картичката.

- Тип на картичката:
Изберете го типот на картичката ( Моментално прифаќаме само VISA/VISA ELECTRON/MK Domestic credit cards ).

- Датум на истек
Датумот на истекот на кредитната картичка. Внесете го исто како што е внесен на картичката.

- CVV2 / CVC2:
Внесете ги трите цифри кои се наоѓаат на задната страна од картичката.

- Име на банка:
Внесете го името на банката која ја издава картичката. Името на банката исто се наоѓа на картичката.

- Телефонски контакт на банката:
Внесете го телефонот на банката која ја издава картичката. Истиот се наоѓа на картичката од задната страна.


Сите останати полиња се автоматски пополнети од страна на INHOST, како износ, број на сметка и слично.

Дали Ви помогна овој одговор? 0 Корисниците го најдоа ова како корисно (0 Гласови)