Колку време е потребно за активација на услугите?

  • Времето на активација на интернационално домен име (com / org / net и сл.) е моментално и се одвива веднаш по завршување на уплатата.
    Па така, доколку сакате да купите интернационален домен и уплатата ја реализирате веднаш со вашата кредитна картичка, очекувајте доменот да ви биде активиран веднаш и да добиете потврда преку емаил за регистрацијата. Избор на интернационален домен е одлично решение ако го планирате бизнисот интернационално или едноставно сте се одлучиле за домен име со глобална наставка или пак ви се брза и сакате да го имате домен името веднаш. Чести се и случаите кога одредени клиенти ќе „начекаат“ интересно домен име кое е слободно, па сакаат веднаш да си го купат и нарачаат се со цел да не им го регистрира друг пред нив.
     
  • Времето на активација на Македонски домен имиња (mk / com.mk / net.mk) се движи обично од 1-5 работни дена по завршување на уплатата. Сега за сега, временскиот интервал е тој, затоа што Македонскиот регистрар - Марнет мануелно ги процесира барањата кои ние ги испраќаме до нив. Секогаш се трудиме барањата да ги доставиме во најскоро можно време, но не и секогаш брзината за регистрација зависи од нас, затоа што Македонскиот регистрар ги сортира и регистрира по нивен редослед, кој некогаш е брз, но некогаш знае да биде и малку спор. Сепак се надеваме дека за брзо време ќе имаме и моментална автоматска регистрација и на Македонските домени.
     
  • Времето на активација на хостинг пакетите е моментален и се одвива веднаш по завршување на уплатата.
    Па така, ако на пример сте нарачале BASIC хостинг пакет и веднаш го уплатите со вашата кредитна картичка, INHOST автоматски го сетира хостингот и ви ги испраќа сите информации преку емаил, па може веднаш да се логирате и да си го поставите својот веб сајт.
     
  • Ако извршите нарачка на комбинација од веб хостинг и интернационален домен и уплатата се реализира веднаш, тогаш очекувајте за само неколку минути да имате свој веб сајт кој ќе биде видлив на интернет и ќе може да работите со него, да креирате емаил сандачиња и истите да ви функционираат од моментот на активацијата.
     
  • Ако извршите нарачка на хостинг пакет и Македонски домен, тогаш хостинг пакетот се активира веднаш по уплатата, додека доменот подоцна во зависност од работата на Македонскиот регистрар. Во овој случај ќе може да ги поставите фајловите на хостингот и ќе ви доделиме моментална УРЛ адреса каде ќе може да го прегледувате она што сте го поставиле додека не ви биде активиран доменот. Исто така ќе може да си ги креирате и емаил сандачињата, но ќе нема да може да добивате пораки се` додека Македонскиот домен не биде активен на нашиот хостинг сервер.
INHOST се стреми активацијата на услугите да биде моментална и автоматска, со што нашите клиенти ќе го добијат она што го сакаат за најкратко можно време.

Дали Ви помогна овој одговор? 0 Корисниците го најдоа ова како корисно (0 Гласови)