1. Отворете ја програмата и креирајте нов налог преку опцијата "Accounts / New Email"
Внесете ја целосната е-мејл адреса и вашата лозинка.
2. Одберете тип на сервер POP или IMAP. Било која опција да одберете, постапката која следи е идентична. Разликата псотои во поратата за "Incoming server configuration".
Обележете ја опцијата "Requires Authentication"
Logon user name: Целосна е-мејл адреса
Кликнете "Next" и сандачето ќе биде креирано.
Доколку вршите промена на податоци, одберете го сандачето и опцијата "Properties".
Во податоците за серверот поставете ја следната содржина:
Incoming mail server: mail.imenadomen.com.mk
Outgoing mail server: mail.imenadomen.com.mk
Email username: Целосна e-mail адреса email@imenadomen.com.mk
Password: Лозинка
Во опцијата Advanced се поставуваат портите за примање и испраќање на електронска пошта.
Доколку сакате да чувате копија од пораките на серверот, обележете ја опцијата "Leave a copy of messages on server". Во спротивно, пораките кои ќе ги примате преку Outlook ќе ги имате само на локалниот компјутер.