ПРЕБАРУВАЈ ПОПУЛАРНИ
ИМИЊА НА ДОМЕНИ

Погледнете ги најпопуларните имиња на домени. Дајте добра понуда или веднаш купете ги.


ЕДНОСТАВНИ И ЕФИКАСНИ
ДОМЕНИ СО 3 КАРАКТЕРА

Имињата на домени со 3 карактера се кратки, слатки и супер лесни за паметење.


ГОЛЕМ БРОЈ НА
ПРЕМИУМ ДОМЕНИ

Премиум имињата на домени се брендирани и користат популарна екстензија .mk

Start Improving

Едноставен и безбеден начин за препродажба и купување на домени

Ова е прва и единствена платформа во Македонија, која што можете да ја користите за брзо препродавање или купување на домени. Истата опфаќа домени кои се објавени за препродажба од страна на наши корисници или се домени кои не се обновени и се во наша сопственост.

Нудиме два различни модула на препродажба, вклучувајќи аукција со надавање или продажба со фиксен износ.

Без разлика каков домен сакате да препродадете или купите, ние го правиме преносот едноставен и безбеден.

Кога доменот се продава, неговите податоци за контакт ќе се ажурираат на оние на новиот сопственик. За некои домени, на двете страни ќе им испратиме е-пошта што ќе ги содржи информациите за контакт и на продавачот и на регистрантот.

ЧЕКОРИ КАКО ФУНКЦИОНИРА ПЛАТФОРМАТА

За да учествувате на платформата за препродажба или купување на домен, мора да имате кориснички профил. За постоечки корисници платформата е достапна веднаш. Новите корисници ја започнуваат процедурата со кликнување на линкот зачлени се. Вршат трансфер на домен или закуп на нов домен доколку сакаат да започнат аукција.

ЗАЧЛЕНИ СЕ ВИ ТРЕБА ПОМОШ?
1

ЗАЧЛЕНУВАЊЕ

Со зачленување на платформата имате право на препродажба или купување на премиум домени. Доколку сакате да препродавате вршите закуп на домен или правите трансфер на постоечки.

2

КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ

Закупениот домен или трансфер домените кои сакате да ги препродавате, по 24 часа автоматски се активираат за право на учество. Доколку купувате пак, започнете веднаш со пребарување.

3

УЧЕСТВО НА АУКЦИЈА

Инстантно започнете процедура на продажба на домени со избор на еден од модулите за продажба. Доколку купувате пак погледнете ги премиум домените, дајте добра понуда или веднаш купете ги.


ВРШИМЕ БРЗИ И БЕЗБЕДНИ
ПРЕПРОДАЖБИ НА ДОМЕНИ


ИЗВРШЕНА ПРЕПРОДАЖБА НА
ВЕЌЕ +21 ПРЕМИУМ ДОМЕНИ


ИСПЛАТИ ВО РОК
ОД ЕДЕН РАБОТЕН ДЕН

Прашања кои најчесто ни се поставувани

Како функционира платформата за аукција и продажба на домени?

Домените претставени на платформата за аукција се групирани по екстензија. Можете да го користите пребарувањето, да ги филтрирате резултатите по цена, екстензија на домен, број на знаци, број на понуди, присуство на доменот по активност или дали името на доменот има и веќе своја веб страна. Понудите од платформата се појавуваат во резултатите од пребарувањето во редовниот дел за регистрација на домен и ги гледаат над 1 милион наши корисници годишно. За да ги завршите трансакциите и да добиете пари од продажбата, ќе треба еднаш да аплицирате за пренос на правата преку Интернет. Како да поставите домени за продажба - детално кажуваме во видео-упатството (наскоро).

Домени поддржани од други регистратори може да бидат објавени на платформата но за да се започне продажбата на домен, тој ќе треба да се пренесе кај нас.

Со задоволство одговараме на сите ваши прашања во врска со плаќањата и техничките трансфери. Нашиот тим за пренос на домени е опширно обучен и може да се справи со секаков вид трансакција.

Која е разликата помеѓу „Понуди износ“ и „Купи сега“?

„Понуди износ“ е модул на препродажба на домени што покажува дека доменот е отворен за примање понуди (на аукција) и продавачот до завршување на крајниот датум ќе го продаде на највисоко понудениот износ. Секоја минимална понуда поставена за овие домени не е обврзувачка. „Купи сега“ е модул на препродажба на домени наведени со одредена цена без можност за преговори и понуди. Продавачот е должен да го продаде доменот на првиот купувач кој ќе се согласи да го купи доменот за наведената „продажна цена“.

Што се случува по завршувањето на аукцијата?

По завршување на аукцијата, доменот се продава или на оној што нуди највисока понуда или на купувачот чија понуда е прифатена како резервна цена (ова може да е истиот купувач, во зависност од активноста на аукцијата). За секоја аукција што се затвора во договор за продажба, доменот ќе биде префрлен на новиот сопственик преку безбедната услуга за трансфер

Кога ќе се активира мојот кориснички профил за аукција?

При поставување на нарачката за учество на аукција, како и закуп на нов домен за продажба или трансфер на веќе постоечки, ќе ви се даде можност за учество на аукцијата. По 24 часа корисничкиот профил ќе има право на користење на аукцијата.

Како да ставам на продажба домен што се наоѓа кај друг регистрар?

Првично потребен ви е ЕПП код кој може да го добиете од сегашниот регистрар. Со тој код на нашиот портал правите нарачка за учество на аукција и побарувате трансфер на домен каде го внесувате и ЕПП кодот кој сте го добиле. По одобрување и извршување на трансфер, како и креиран кориснички профил веќе сте во можност да ја користите аукцијата.

Дали наплаќате провизија за продажба/купување на домени, како и персонален данок на исплата на физичко лице?

Наплаќаме еднократна провизија од 20% за секоја направена трансакција по домен преку платформата за аукција. Домените кои се регистрирани на физички лица и истите се продадат преку нашата платформа, се исплаќаат во рок од 24 часа, но персоналниот данок го плаќа примачот .

Како да го промовирам доменот кој го продавам?

Доколку сакате да го промовирате вашиот домен кој е на аукција, закупете паркинг страна која нашите дизајнери ја креираат само за вас и вашиот домен.Погледни пример. За повеќе прашања контактирајте го нашиот тим за поддршка директно преку телефон 071 244 660.