Што е заедничко хостирање?

Заедничкото хостирање претставува хостирање на сервер кој го делите со други корисници, при што немате администраторски пристап до самиот сервер. Овој начин на хостирање обезбедува, на поединци или пак организации, системи за чување на информации, слики, видео или други содржини кои им се достапни на интернет корисниците по пристапни цени. Заедничкото хостирање кое го нуди INHOST одговара за најголемиот број на лични веб страници, како и големи корпорациски веб страници. Заедничкото хостирање вклучува и електронска пошта, бази на податоци и копија на податоците во траење од една недела. Копијата на податоците се прави еднаш седмично.
Дали Ви помогна овој одговор? 4 Корисниците го најдоа ова како корисно (6 Гласови)